Организацијата за заштита на  животната средина “Гринпис”, постави огромен транспарент на кој пишува ,,загрејте ги нашите срца, а не планетета“. Пораката е насочена кон двајцата најмоќни луѓе на светот според своите функции, претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Ова е само дел од протестите што се случуваат денеска во очи и во текот на средбата на двајцата претседатели во главниот град на Финска.

Главни теми за разговор ќе бидат меѓусебните односи на двете земји, ситуација во Сирија, Украина, како и немешањето во внатрешните односи.