Славите актери Роберт де Ниро, Сели Филд, Алек Болдвин, Шер, Марк Рафало и многу други се кренаа против новиот претседател на Америка Доналд Трамп. Тие беа меѓу илјадниците Американци кои протестираа во Њујорк против идниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Вечерта спроти стапувањето на должност на новиот американски претседател илјадници луѓе во Њујорк, но и во Вашингтон, гласно демонстрираа против мултимилијардерот Доналд Трамп. Во Њујорк демонстрантите се собраа пред зградата Трамп во близина на Централ парк. Меѓу нив имаше и бројни политичари, како градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, но и прочуени холивудски актери како Роберт де Ниро, Шер, Алек Болдвин, Сели Филд, Марк Рафало.

„Утрешниот ден не е крај, туку почеток“, изјави Де Блазио пред насобраните демонстранти. „Ние немаме страв од иднината“, изјави градоначалникот на Њујорк.

Демонстрантите и говорниците постојано укажуваа на тоа дека Трамп на изборите во ноември не го добил мнозинство гласови од граѓаните, туку од електорите. „Ние сме мнозинство“, порача режисерот Мајкл Мур, истакнувајќи: „Тој нема да остане на власт четири години“.

Актерот Роберт де Ниро исто така им се обрати на демонстрантите. Американските пејачки ѕвезди одбија да пејат на инаугурацијата на Трамп. Холивуд и популарните и славни во Америка дефинитивно не го сакаат Доналд Трамп.

АКО.мк