Дрско и провокативно. Вака пошироката јавност го оцени присуството на пратеникот Крсто Мукоски на аудиенцијата кај Папата Фрнациск во Светата столица , по повод денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, 24 мај.

Социјалните мрежи буквално вриеја од критика и негативни коментари, прашувајќи дали мора да се иритира јавноста и тој да биде дел од државната делегација .

Мукоски беше дел од собраниската делегација предводена од претседателот Талат Џафери.

Во делегацијата имаше претставници на сите пратенички групи во Собранието, а Мукоски беше претставник на Независната пратеничка група на Вмро Дпмне, која практично е составена од пратеници на оваа партија против кого се водеа кривични постапки , но потоа беа амнестирани во замена за гласови за Договорот од Преспа.

Талат Џафери дава изјава во Ватикан, Крсто Мукоски зад него

Еве кој сѐ беше дел од таа делегација:

Претседателот Џафери, ја предводеш делегацијата на Република Северна Македонија составена од Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, пратеничката Ирена Стефоска, претседател на Комисијата за култура во Собранието на Република Северна Македонија, Крсто Мукоски, претставник на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова генерален секретар на Собрание.

Претставници на владата беа: Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Владимир Лазовски, заменик-министер за култура, Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници.

Во рамките на Манифестацијата во чест на Св. Кирил, се одржа молебен во Базиликата Сан Клементе каде што се наоѓа гробот на Св. Кирил, на кој присуствуваа и претставници од делегацијата на Република Бугарија.

Исто така двете делегации заеднички ќе положат свежо цвеќе пред плочите поставени во чест на Св. Кирил, во Базиликата Санта Марија Маџоре