Голем број мртви и повредени во експлозијата во Истанбул(видео)

Во експлозијата што се случи вечерва кај стадионот Бешикташ во Истанбул загинале најмалку 13 лица, пренесе Ројтерс цитирајќи безбедносни извори. Ал Џезира јави дека има најмалку 15 мртви. Најмалку 20 луѓе се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Експлозијата внесе паника во студиото, во кое се коментираше спортскиот натпревар.

Светските медиуми јавуваат за хаос, мртви, повредени и голема материјална штета.