Голем научен собир на МАНУ:,,Охрид и Балканот, археолошки погледи“

Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“, при МАНУ, (4 и 5 октомври), во Куќа Уранија (МАНУ), во Охрид, организира Научен собир на тема: “Охрид и Балканот, археолошки погледи”.
Учествуваат еминентни научни работници од земјата и светот, при што, според интересот и бројноста, видливо е учеството на научни авторитети од Грција.
Тоа може да се смета и како први повидливи плодови од политичкото и меѓудржавно зближување помегу двете земји, иако, академик Битракова потсетува дека нејзиното лично искуство е позитивно уште од времето далеку пред Преспанскиот договор.


Никос Акаматис ќе говори за културно – историските аспекти на пронајдените фигурини од времето на Македонското кралство.
Деспина Игнатијаду, за класичната стаклена иконографија од времето на Хеленска Македонија, додека Периклес Христодулу, на тема: ”Хермеракли – Хермес и Херакле заеднички слики”.


Бранка Миготи, од Хрватска, ќе ги осветли социо – културните аспекти на женската мода во Римска Јужна Панонија, од каде доага и Емилио Марин..
Од Словенија доагаат Мартина Блечиќ Кувар и Бојан Ѓуриќ.
Од Бугарија доага Дијана Ботева, која ќе говори на тема: “Култни практики во Римска Тракија – нови перспективи”, додека Јуриј Кузмин од Руската Федерација, за историјата на Македонското кралство од времето на Дематиус Втопри (239-229), пред новата ера.
Од САД настапуваат Carolyn Snively и Ruth Kolarik.


Битракова, е првиот експерт на балканските простори за Десаретија, регионот на Охрид и Преспа, посебно за островите Голем Град и Свети Ахил.
Академик Георги Старделов, за Битракова ќе каже:”истражувач од Колумбовски вид, таа Десаретија ја открива како – Западна порта на антиката, без неа – Гетеовски кажано: немаше да знаеме од каде сме, што сме во историјата времето и просторот? Тоа е една илустрација на времето, откривањето и истрајувањето, од ‘Еурека’ на Архимед до современиот Фуко“.


Учесниците од нашата земја, Валентина Тодороска, Драги Митрески, Александра Папазоска, Сања Битрак, Горан Санев, Перо Јосифоски, Ефтимија Павловска, Марјан Јованов, Димитар Николовски, Александра Николоска, Гоце Павловски, Славица Бабамова, Ленче Јованова, Љубинка Џидрова, Марина Онческа Тодороска, Дафина Герасимовска, Виктор Лилчич Адамс, Давца Спасова, Маја Хаџи Манева, Анита Василкова Мидовска, Елица Манева, Катерина Христовска и Паско Кузман, главно се задржуваат на културно – историскиото наследство во Охрид и Охридско.
Археологот Кузман, на пример, ќе говори за древните некрополи во Охрид, со посебен нагласок на Самуиловите крепости.
Собирот се одржува по повод 80-тиот роденден на академик Вера Битракова Грозданова, за чие дело, од науката оценето како “приказ на случувањата – 10 века наназад во антиката”, осврт подготвува професор Силвана Блажеска.


Веле Митаноски