Вистинска драма се случува на улица ,,Народни херои“ број 23 во Општина Кисела Вода.

Гори еден стан, а според првични информации зафатен е најмалку уште еден.

Пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола, но немаат пристап до зградата, па интервенериаат од најблиската улица.

Пожарни коли немаат пристап до зградата

Повеќе пожарникари и неколку пожарни коли се бореа со огнената стихија.

Неколку пожарникари се обидуваат да влезат во зградата која е полна со чад. Од предната страна кадешто се влезовите пожарните немаат пристап поради паркирани возила.

Од местото на настанот, фото и извештај на Силвана Бркуљан

За АКО.мк