Голем пожар и штета во зградата на поранешна Комерцијална банка

Противпожарни екипи го ставија под контрола големиот пожар кој утрината избувна во зграда на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка.

Со пожарот е зафатен делот каде сега се сместени државни институции. За среќа, за време на пожарот во зградата немало никој, па нема повредени.

Станува збор за зградата на поранешниот Секретеријат за Европски прашања, каде сега се сместени државни институции и Македонската информативна агенција(МИА).

Како што информираше командантот на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, Владимир Симоновски, пожарот е пријавен во 6.50 часот.

-Зафатен беше само првиот кат од зградата каде што е сместен Државниот инспекторат за животна средина. Во тој момент немаше никој, бидејќи со работа почнуваат во 8.30 часот. Пожарот беше локализиран во 8.45 часот-изјави Симоновски за РСЕ.

Тој истакна дека во гаснењето на пожарот биле ангажиарни 24 пожарникари и 9 возила.