Голем пожар се шири кај манастирот ,,Св. Димитрија“ во Селце, прилепски Комуналец бара помош од населението

ЈКП Комуналец од Прилеп, упати апел и молба до месното население од село Селце и околината, да се вклучат во гасењето на пожарот кој се проширува до куќите.


,,Огромен пожар избувна до манастирот Св,, Димитрија“во Селце. Комуналци веќе се на терен и го гасат пожарот, тргнуваат и дополнителни работници.Сиот потенцијал од претпријатието е ангажиран во гаснење на пожарот. Молба до граѓаните, секој што може да помогне да се упати кон Селце“-апелираат од ова комунално ретпријатие.