Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез , на прес конференцијата по мечот со Русија изјави дека противникот ги искористил нашите грешки на мечот и заслужено победил.

Честитки за Русија, почнавме седум на шест но грешевме премногу па ја сменив тактиката, игравме добро само на моменти, постојано бркавме негатива, не успеавме да се наметнеме, мотивацијата е во главата. Одигравме пет натпревари и се подготвувавме за нив како да е финале. Овој натпревар беше поинаков, но грешевме премногу за да не загубиме – изјави Гонзалез.