Горан Пандев вечерва влегува во „клубот 100“ во македонскиот национален фудбалски тим.

Пандев ќе го запише 100. натпревар за фудбалската репрезентација, се започна во 2001 година во Бурса против Турција кога струмичанецот го запиша првиот настап за Македонија.

Пандев се израмнува со Седлоски по бројот на настапите но в недела против Словенија и ќе го надмине поранешниот репрезентативец и селектор на Македонија.

Пандев е лидер и на листата по број на постигнати голови во дресот на Македонија и зад своето име има 33 постигнати погодока , тој е и рекордер за најмлад стрелец за Македонија, со 19 години, еден месец и 25 дена, постигна гол на натпреварот против Малта во 2002 година.

Пандев во пресрет на вечерашниот дуел со Летонија изјави дека е среќен за јубилејот но и дека како подарок сака победа од соиграчите вечерва против Летонија.

Сигурно дека сум среќен за овој 100-ти натпревар, мој убилеј, но за нас најважно е да влеземе максимално ангажирано во овој натпревар. Се надевам дека на овој јубилеј ќе оствариме победа. Се надевам дека и публиката ќе дојде во што поголем број. Оваа генерација тоа го заслужува, а поддршката е многу важна. Во последните години ја вративме самодовербата на оваа репрезнтација, имаме одлична атмосфера. Функционираме како една фамилија и се надевам дека прва цел е победата, а дури потоа да постигнам гол на овој јубилеј. Се надевам дека нема да застанеме и ќе ја продолжиме формата од Лигата на Нации“, рече капитенот Пандев.

Пандев и целата репрезентација заслужуваат поддршка вечерва на „Филип Втори“ , сите на стадион за победата против Летонија !