Гори депонијата Русино, Таравари бара итна државна помош(видео)

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, упати драматичен апел за помош и гасење на депонијата Русино, која е зафатена од голем пожар.

,,Регионалната депонија Русино во Гостивар е во пожар. Оваа драматична состојба е одговорност на државните институции и на Владата, кои со својата индиферентност го ставаат нашиот град во опасност од пожар!

Ги известивме сите институции- Центарот за менаџирање со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Владата, за критичната состојба на оваа депонија, но наидовме на молк!
Иако регионалните депонии повеќе од една година се под надлежност на Владата, немаме добиено никаква помош од нивна страна. Досега имаме примено само еден телефонски повик од Генералниот секретар на Владата без никаква конкретна акција.
Актуелно, Општината, јавните претпријатија, приватни компании од Гостивар, со пожарникарите од Гостивар и Тетово се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола.
Ургентно бараме помош од државата на терен, пред неколку баравме нивна асистенција, но освен моралната помош ништо конкретно нема.
Дојдете во Гостивар сега, во спротивно состојбата може да биде подраматична, за која ќе имате уште поголема одговорност.
Ако продолжи оваа состојба, ќе бидеме сигурни дека овој пожар се случи поради занемарувањето од страна на Владата , која намерно оваа сака Гостивар да гори и нашите деца да се трујат“-вели Таравари.