Горјан Лазаров-директор на синџирот хотели ,,Ореа“ во Чешка

Во Прага заминал сосем случајно, сега е генерален директор на чешкиот синџир хотели „Ореа“. Горјан Лазаров вели дека за својот живот го одбрал потешкиот пат – сам да се пробива во земја во која никој не го познава, наместо да напредува овде па неговите успеси да се препишуваат како дел од успешноста на неговиот татко. Горјан Лазаров е уште еден Македонец кој има успешна кариера надвор од земјава. Засега, не би се вратил. Не, затоа што посакува неговата мала ќерка, како што вели, да живее во општество во кое наместо силата на мускули, владее силата на аргументи, пишува порталот Фактор.мк.

Неговата приказна во Чешка започнува со љубов на прв поглед во Прага во време кога бил на средношколска екскурзија. Потоа таму го продолжил образованието. Сега е сведок дека Чешка со светлосна брзина оди напред. Живее во земјата во која невработеноста е на најниско ниво во Европската Унија.

„Уште пред завршувањето на образованието добив понуда за работа од Мериот. Одбрав веројатно потежок пат, пробивајќи се сам, без „педигре”. Македонија е мала држава и моите успеси таму би се гледале низ призма на позицијата на татко ми. Вака, тој имаше можност да гради професионална телевизија, поинаква од македонските ,,пиљарско-шлеперски’’ стандарди, за што сум посебно горд, без товар дека некому должи за мене. Јас го одбрав предизвикот да градам свој живот, кариера и искуство надвор од Македонија, вели Лазаров.

Повеќе на:Фактор.мк