,,Ниту една институција не го одбележа денот на смртта на Блаже Конески. Не е добро да ги забораваме македонските великани. Еднаш ќе кажам за сите премрежија што ги доживеав кога посмртно ја објавуваме неговата Историска фонологија на македонскиот јазик“-напиша професорот по македонски јазик и литература, лингвистот Људмил Спасов.
Вчера, 7 декември беше денот кога пред 25 години почина Блаже Конески.
Но, од Универзитетската библиотека ,,св.Климент Охридски“, укажуваат дека тие и оваа година го испочитувале Конески и дека направиле перформанс, со читање на делови од неговите песни.
Перформансот „Емоции – последна вечер“, во режија на професорката од Факултетот за драмски уметности Кренаре Невзати-Кери, е своевиден омаж за ликот и делото на Конески, кој почина пред 25 години, на истиот ден кога НУБ ги одбележува патрониот празник и 74 години од своето постоење, велат од НУБ.