,,Нема поголем доказ од овој дрзок упад (на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ – н.з.), дека врвната амбиција на ДПМНЕ е да нема правда и да не се одговара, да се бега. Тие сакаат дури и гласот за правда да го замолчат. Зборот правда да го избришат.
Нервозата очигледно е голема, поразот ви се ближи. Ќе има правда, ќе има одговорност!“-порача на Својот ФБ профил носителот на листа на СДСМ за ИЕ 1 и министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Неговата изјава пред јавно обвинителство по повод стапувањето во сила на законот за ЈЈО беше попречена од портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Видеото со упадот на Стоилковски го постави Никола Димитров.

,,Го отвори ко паштета. Браво Наум!“, коментира Јелена Жугиќ од Вмро Дпмне, откако тој дополнително го искоментира целиот инцидент предизвикан од него.

,,Срамно е што Никола Димитров стои пред, а не во ЈО! Срамно е што намерно ја девастираше дипломатијата. Никола Димитров не смее уста да отвори за право и правда! И не кажува дали претставува Шуто или Рогато!

Не е ова дрзок упад, туку дрзок е упадот на Димитров и заевистите за девастација на сиот демократски систем, упад и рушење на трите столба на демократијата- законодавната, извршната и правниот систем! Девастација само и само за ПАРИ! Срам!“-пишува на својот ФБ профил Стоилковски без многу дипломатија во речникот.

Тој сакал одговори од Димитров за црногорскиот бизнисмен Дака, за Порошенко, за македонскиот иднтитет…