Невладината асоцијација Охрид СОС, со фотографии документираше неодговорно, антицивилизациско и противзаконско однесување на инвеститор и градежна фирма, кои со камиони ја истураат земјата од парцела каде треба да се гради и која се наоѓа над патот, директно под патот на охридското крајбрежје.

,,Додека Влада на Република Северна Македонија вчера одржуваше седница во Охрид, каде информации за состојбата во Охридскиот Регион требаше да дадат градоначалниците на Општина ОхридKomuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga и Општина Дебрца, на делницата помеѓу кампот Ливадишта и Струга, камиони депонираат директно на брегот, а градежни активности се изведуваат над патот.

Иако на претставниците на Реактивната Мониторинг Мисија им укажавме на узурпацијата на крајбрежјето што се случува на потегот од Струга до Радожда, не е познато дали домаќините ги пренесоа информациите со оглед на тоа што минатиот пат, во 2017 година, не го сторија тоа, и за време на нивниот престој се случуваа слични градежни активности“-реагираат од Охрид СОС.

Прашуваат дали Едмонд Адеми, Рамиз Мерко и Горан Сугарески ова го пренеле во Влада и дали го ставиле во извештајот до УНЕСКО.

,,Вака во име на јавниот интерес и на жителите на регионот работите? Со два аршини? Лицем светци срцем волци? Што прават инспекторите, хибернираат зимава?“-прашуваат Охрид СОС.

АКО.мк