Градинките се отвораат на 9 септември и има уште 4.500 слободни места

Според деталната анализа на Министерството за труд и социјална политика, сите деца за кои родителите пројавиле интерес, ќе бидат згрижени во градинките.

Засега, според интересот, од 19.000 места кои одговараат според протоколот за епидемиолошката ситуација, има слободни места уште за 4.500 деца.

Министерката Јагода Шахпаска рече доколку се пополнат и има потреба за уште, веднаш ќе се реагира.

Министрите Шахпаска и Филипче ги објавија протоколите за почеток на работа на градинките.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/319309979347034/

Градинките ќе почнат со работа од 9 септември.

Според протоколот, во групите од 2 до 6 години ќе има најмногу 15 деца, а во оние до 2 години најмногу 6 деца. На децата и на вработените при влез во градинката ќе им се мери температура, а вработените задолжително треба да носат маски. За секое дете ќе треба да се обезбедат по две постелнини.


Престојот на децата треба да биде организиран без меѓусебен контакт на различни групи на деца во согласност со можностите, а на секои два часа да се прави дезинфекција на прекинувачите, кваките на вратите, мијалниците, масите, столиците.