Градоначалникот Богдановиќ ја предводеше акцијата за чистење на спомениците од НОБ

Во пресрет на големиот македонски празник, Денот на македонското востание против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна, 11 Октомври, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, организираше чистење на спомениците на негова територија, од периодот на НОБ.

,,Независната и самостојна држава е врвна цел на секоја нација.
Спомените за Народно-ослободителната борба ќе продолжат да живеат во секој од нас.
Им благодарам од сѐ срце на сите што беа дел од оваа мала, но и тоа како корисна акција за чистење на бистите и спомениците на хероите од НОБ“-вели Богдановиќ.