Градоначалникот Коце Трајановски искористи бесплатно возење во градски

 

Од утре(09.02.2017) се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и слободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени-соопшти денеска Град Скопје.

Уредбата траеше два дена, а вчера утрото и градоначалникот Коце Трајановски се качи во градски автобус за да  им покаже дека ја почитува сопствената одлука,

Како што информираат од град Скопје, одлуката за престанок на претходната одлука е донесена во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.

Градот Скопје ќе продолжи со:

1. Интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата кои мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

2. Ќе продолжиме  со интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

3. Градот Скопје ќе го продолжи интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во негова надлежност-се вели во соопштението.