Градоначалникот Коце Трајановски ја преслече старата Стоковна куќа

 

Еден и пол милиони евра (1 милион и 500 илјади евра) чини преслекувањето на фасадата на старата Стоковна куќа или Сити Галери. Парите се обезбедени од градската буџетска каса, иако архитектот не даде согласност да се чепка неговото дело.

Каријатиди, антички столбови и фасада во „неокласичен“ архитектонски стил. Новиот надворешен лик на објектот „Сити Галери“ е завршен. Градот Скопје ги комплетираше градежните активности за реконструкција на фасадата на ова здание лоцирано на плоштад „Македонија“. Славко Брезоски, авторот на изведеното архитектонско дело „Сити Галери“, не даде согласност за менување на надворешниот лик на објектот, -пишува Билд.мк. Градските власти од сопствениот буџет за преслекување на објектот потрошија минимум 1,5 милиони евра. Договорот со изведувачот на работите „Урбан Инвест“ беше склучен кон крајот на 2014 година. 

 

 

Градежните работи на терен се одвиваа повеќе од една и пол година. Рефасадирањето на објектот во стилот на владиниот проект „Скопје 2014“ се реализираше врз основа на изготвеното идејно решение од авторите Лазар Димов и Никола Стакинов. Основниот проект го подготви „Инком Инженеринг“. Оригиналниот автор на архитектонското дело јавно се изјасни дека е против менувањето на надворешниот изглед на „Сити Галери“.

%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%83%d1%88%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b0Ретуширана фасада

%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b8                                            Поранешен изглед на НА-МА или City Galery

 

Како еден од најзначајните репрезенти на модерната архитектура во Скопје, стоковната куќа „На-Ма“ е дизајнирана од архитект Славко Брезоски на средината од 50-тите години на XX век. Објектот е пуштен во функција во 1960 година и е едно од ретките препознатливи зданија во Скопје што го издржа катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

Но не и владеењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.