Градоначалникот на Крушево објави ВИДЕО од новиот изглед на вечниот дом на Тоше Проески

Речиси по 12 години од смртта на македонската поп икона, Тоше Проески, конечно ќе се уреди неговото вечно почивалиште.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, објави видео од тоа како ќе изгледа неговиот вечен дом.

Тоа всушност ќе биде спомен обележје, а видеото е објавено на денот на христијанскиот празник Св. Преображение, празник кога сите крушевчани го посетуваат истоимениот манастир и дом на Тоше Проески.


,,После многу години статус-кво состојба денес во тек е тендерската постапка за изградба на гробното место на нашата поп икона и за многу брзо започнуваме со реализација “-напиша на социјалните мрежи Христоски..