Оваа двојазична наредба е поставена на влезот во општина Струга и се однесува на сите вработени, без оглед на која религија припаѓаат.

Мотивите на градоначалникот зошто таа се однесува на сите, може да се претпостават, но не може да се разбере постапката. Исто така, неговата наредба открива дека во канцелариите на општина Струга нема забрана за пушење . Вработените очигледно слободно пушат, што се коси со Законот за зарана на пушењето.

Ова покажува во какви институции се претворени локалните самоуправи . Загрижува фактот што таму, но и на многу други места не се почитуваат законите и никој тоа не го санкционира.

АКО.мк