Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски , дојде пред зградата на улица ,,Народни херои“, во која неколку станови се опожарени, за да помогне и да се запознае со фактичката состојба.

Откако со вработени од администрацијата поделија вода за станарите кои вдишале повеќе чад за време на евакуацијата, тој за АКО.мк изјави дека според правилникот на општината , станарите чии станови се зафатени со пожарот ќе добијат еднократна парична помош од 30.000 денари.

Темелковски рече дека непланското надоградување на зградите, затворените приоди кон покривната конструкција и соѕиданите помошни скали, се главни причини за отежнатата интервенција на пожарникарите.

Инаку, тие вложија натчовечки напори, но постојано се соочуваа со слаб притисок на водата во цревата,кои пак попуштаа и пукаа за време на интервенцијата.

Текст и инфо: Силвана Бркуљан