,,Денеска со Претседателката на советот Љубица Јанчева, ги пречекав ракометарите на РК Вардар за да го врачиме чекот од 6 000 000 денари, на Престедателот на клубот и играчите“-извести градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

,,Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК Вардар затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град.

Благодарам на ракометарите за подарената ракометарска топка со потписи и искажаната благодарност од нивна страна за помошта која што Град Скопје ја даде за нивен достоинствен пречек“-напиша Шилегов.

,,Во неформалниот разговор со кафе и баклава, си ветивме дека ќе се видиме догодина на прослава за нова титула“-вели градоначалникот.