Градоначалникот Шилегов и заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи, во присуство на голем број граѓани на плоштадот Скендербег, го пречекаа Бесир Алили кој го освои златниот медал на Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија.

,,Ова е голем успех за младиот Алили кој се натпреваруваше во категорија слободен стил до 48 килограми и претставува прв златен медал за македонски репрезентативец на европско кадетско првенство“-рече Шилегов.

Во текот на утрешниот ден Бесир Алили ќе биде примен од градоначалникот Шилегов.

,,Град Скопје секогаш ќе ги поддржува спортистите и сите големи спортски успеси затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. За потсетување, Град Скопје во 2018 година го прогласи Бесир Алили за најдобар спортист на Град Скопје во категоријата – Најталентиран млад спортист – кадет“- се вели во соопштението.