Градоначалникот Шилегов се излечи од Ковид 19

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објави дека двата теста за Ковид 19 се негативни.

,,Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен.

И официјално, невидливиот противник е победен.

Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната поддршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.

Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби .

Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме “-порача Шилегов.