Градоначалници од југоисточниот регион се против двојазичност во нивните општини

 

Енергично и здружено се спротиставуваме на заложбите за воведување на двојазичност на цела територија на Македонија и на партиите кои тоа го заговараат ,  раководството на  Социјалдемократскиот сојуз и партиите на Албанците-стои во прогласот што беше издаден во Берово за време на состанокот на Советот за развој на Источниот регион.

Советот за развој  на Источно плански регион со  дел од градочалниците од  југоисточниот регион покрај редовните точки на дневен ред на 30 тата седница  на Источно плански регион,   го покрена и прашањето за најавеното воведување на двојазичност во јавната администрација на територијата на цела Република Македонија-се вели во нивното соопштение.

Тоа би бил единствен пример во светот и би било преседан во една суверена унитарна држава , некој да помисли да воведе такво нешто.

Единствени сме и ќе се заложиме на сите нивоа, ваквите предлози да не поминат на законодавно ниво-велат градоначалниците од овој регион.