Градоначалничката на Драч поднесе оставка по скандалозната изјава за бројот на загинати



„Повредена од огромната негативна реакција поради изјавата што ја дадов, јас поднесувам оставка како градоначалник на Драч. Благодарност до сите што ми веруваа и ме поддржаа “ – напиша преку својата официјална Фејсбук страница градоначалничката на Драч, Валбона Сако.

Во скандалозно интервју вчера со новинарката на Топ Канал, Анила Хоџа, Валбона Сако рече дека треба да бидеме среќни со 50 жртви, затоа што во други случаи, како што изјави, имало повеќе од 1.000  жртви.

Сако ја објави веста за нејзиното заминување велејќи дека е длабоко повредена од негативните реакции по нејзинатаизјава.