Град Скопје донесе одлука за забрана на дотур на стока од 7 до 18 часот во центарот на Скопје

Заради намалување на загадувањето на воздухот, Град Скопје донесе Одлука за запирање на возилата за доставување на стока во централното градско подрачје од 7 наутро до 18:00 часот попладне.
Град Скопје и градоначалникот на општина Центар, апелираат  сите субјекти да ја почитуваат оваа одлука, во спротивно ќе бидат санкционирани од надлежните инспекциски служби.
Истовремено, ги охрабруваат граѓаните доколку забележат прекршување на донесената одлуката, истото да го пријават на телефонскиот број 02/3297-231.