,,Го чистиме Скопје.

Екипите на Комунална Хигиена, деновиве забрзано работат на расчистување на повеќе диви депонии на територија на општина Аеродром.

Ја помагаме општината. Усјански канал, Атом, Бановина, Ѓорѓи Капчев, се неколку од локациите каде се расчистува“, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Паралелно со ова, од Град Скопје укажуваат дека ќе се казнува секое недозволено однесување од граѓаните и непрописно одложување на смет.

Исто така, предупредуваат дека е казниво со закон одлагањето градежен шут покрај контејнерите.

За оваа намена има претоварна станица позади сала Борис Трајковски која е отворена секоја сабота и одложувањето на кабастиот отпад е бесплатно.