Град Скопје најмногу пари потрошил за луксузот и желбите на Никола Груевски

Кога ќе ја преземеме власта, веднаш ќе ја сопреме изградбата на панорамското тркало, изјави потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски. Тој вели дека од извештајот за извршување на градскиот буџет е јасно дека градоначалникот Коце Трајановски најмногу средства трошел и главна преокупација  му бил раскошот и луксузот на Никола Груевски.

Се трошеше за барокни фасади, плоштади, фонтани, луксузни административни згради и за други непродуктивни трошоци. Коце Трајановски немаше пари за мерки за намалување на загадувањето, подземна сообраќајница во центарот на градот, проекти за енергетска ефикасност, ниту пак за нови мостови и главни сообраќајници.

Во оваа прилика сакаме да најавиме дека веднаш по смената на Коце Трајановски на локалните избори во мај, ќе предложиме ребаланс на буџетот со кој:

Веднаш ќе ја запреме изградбата на Панорамското тркало

Веднаш ќе ја запреме изградбата на и на барокните фасади и како и на сите други  објекти кои се дел од Скопје 2014-изјави Манчевски.

СДСМ парите на граѓаните на Скопје ќе ги пренасочи за мерки за намалување на загаденоста, за повеќе паркови и зелени површини, за нови средни училишта, за нови мостови, за нови сообраќајници, за нови проекти кои се од најголемо значење за граѓаните на Скопје.