Инспекторатот на Град Скопје вчера изрече 93 казни за паркирање на јавни површини и зеленило во најавената акција против уништувањето на блоковското зеленило во населбите Карпош 3 и Карпош 4. Дополнително, пајакот и сообраќајната полиција имаа уште 24 подигања и дополнителни казни за посетителите на Сити Мол за познатиот „Black Friday”.

Секоја година на овој ден граѓаните од околните згради на Сити Мол се жалат на уништени тревници, тротоари и урбана опрема, како и оштетени возила и дрвја. Затоа, градскиот инспекторат оваа година најави акција за казнување неколку дена однапред која заврши со досега рекордни бројки, соопшти Град Скопје

Уништени тревници, кал до коленици

Градските и општинските служби повторно ќе ги реконструираат тревниците, но апелираме на поголема одговорност од граѓаните и посетителите на околните трговски центри, се вели во реакцијата.