Граничниот премин Богородица трет ден затворен за сообраќај

Доколку имате намера да одите во соседна Грција, ттреба да се упатите или кон Дојран или кон Битола на граничниот премин Меџитлија, бидејќи заради протест на грчките земјоделци трет ден е под блокада граничниот премин  Евзони.

Сообраќајот е во прекин во двете насоки и за влез и за излез за сите видови возила.

Грчите земјоделци незадоволни од новите даноци и социјална политика, пред три дена ги поставија своите трактори на сообраќајните ленти во двете насоки на граничниот премин кај Гевгелија , од грчка страна.

Нема информација до кога ќе трае блокадата, а грчката влада засега не покажува волја за преговори со земјоделците.

 

ако.мк