Граничниот премин Евзони е прооден за сообраќај

АМСМ објави дека граничниот премин Евзони од грчка страна од утрината е деблокиран и прооден за сите видови возила. Земјоделците го завршија тринеделниот протест, кој се одвиваше  со блокада на граничниот премин Евзони со трактори.

Во овој период сообраќајот кон Грција беше насочуван кон Меџитлија и Дојран , а камионџиите се жалеа на долги чекања по границите и големи економски штети.

Реагираа и Стопанската комора и Министерство за надворешни работи кои бараа од Грција и ЕУ да посредуваат во надминување на проблемот, затоа што економијата во нашата земја почна да трпи сериозни последици.