Граничните премини речиси празни по отворањето и либерализацијата за влез во Србија(видео)

Сите кои ќе сакаат да дојдат во Србија, без разлика дали се странски или српски државјани, веќе немаат никаква обврска ниту за поседување на негативен тест за коронавирус, ниту пак ќе треба да бидат во некаква самоизолација.

Во Србија од денеска се влегува исто како пред епидемијата, но репортерите на РТС наидоа речиси на празни гранични премини.