Граѓаните на Македонија гласаат

Утрината во 7 часот се отворени сите 3480 избирачки места во 6 Изборни единици на цела територија на Република Македонија.

Во Избирачкиот список  за гласање се запишани  1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Но, во нашата  земја тоа право ќе може да го остварат  1.531.368 граѓани.

Во седмата ИЕ , односно во дијаспората гласањето веќе е завршено, но резултатите ќе бидат објавени заедно по завршувањето на гласањето во Македонија. Според излезноста, неофицијално, веројатноста да има пратеник од дијаспора е многу мала.

На посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.

На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.