Огромното незадоволство и кактаклизмичното онечистување на секоја педа од нашата татковина, сѐ повеќе го раздвижува граѓанскиот активизам.

Се организираат разни дружини и групи, кои се обидуваат со свои раце да го исчистат ѓубрето кои некои други несовесни граѓани го оставаат каде што сакаат, а надлежните не го собираат .

Додека градоначалниците тонат во својата неспособност, незнаење и неоргинизираност, комуналните претпријатија и служби тромаво се обидуваат да зачистат, но оставајќи зад себе огромно количество смет, вработените , професорите и студентите од Природно-математичкиот факултет, утрината се ударнички во втора акција за чистење на Гази Баба.

Акција во дворот на ПМФ
Десетици вреќи собрано ѓубре
Дел од парк шумата Гази Баба по чистењето

Градовите ни се запустени. Пределите покрај автопатиштата и регионалните друмови претворени во депонии. Но, на градоначалниците и директорчињата ништо не им фали.

Уживаат во своите функции и се самосликаат по пригодни манифестации.

До следините избори.

АКО.мк