Граѓани на Загреб го исвиркаа и гаѓаа со јајца градоначалникот Милан Бандиќ(видео)

Загрепскиот градоначелник, Милана Бандиќ, не помина добро на протестот на жители на населбата Вукомерц во Загреб, кои протестираа заради нарушената безбедносна ситуација. Тие жестоко вербално го нападнаа  и го гаѓаа со јајца, јавува Индекс.хр.

 

Протестот е поради пресметката на две семејства Роми кои потоа почнале да пукаат едни на други со калашникови. Сето ова се случувало во близина на училиште, Протестираа родители и други жители на оваа населба.