Разочарани од незаинтересираноста на владата и локалната самоуправа, граѓани на Тетово почнаа иницијатива за спасување на Попова Шапка. Тие ја обвинија актуелната владејачка гарнитура, кој 10 години е на власт, дека и покрај бројните ветувања нема спроведено ниту еден проект за развој на овој значаен туристички центар.

„Попова Шапка стана место каде што не се знае кој јаде, кој пие, кој плаќа. Се претвори во место каде секој прави што сака, крадат колку што можат, разрешуваат од работа кого сакаат, вработуваат кого сакаат, без да преземаат ништо за да се грижат за ова туристичко место, да подобрат нешто, да поправат нешто, да го направат колку што е можно почисто, поатрактивно и по профитабилно, почнувајќи од здравството, спортот, туризмот . Уште колку ќе треба да чекаме за да се инвестира макар 1 евро, уште колку ќе треба да чекаме за да се наполнат џебовите на институциите кои досега ветија многу, но не реализираа ништо“, вели Хамди Сулејмани од Иницијативниот совет.

„Она на што  сме сведоци до ден денес е целосна незаинтересираноат.  Владата на Република Македонија, со поддршка на партијата на Албанците на власт во текот на последните 10 години, како  што и фактите зборуваат,  е тука да се уништи се што е вредно, а не да се поправи нешто“, оцени Џевдет Хајредини.

И посетителите се разочарани, велаат плаѓаат многу, а добиваат малку:

„Ова е едно од ретките места во светот каде можеш да излезеш од хотел и да одиш директно на ски лифт . Тоа што и го дала природата на Попова Шапка го нема ниту една туристичка дестинација и овде треба мала инвестиција, да се искористи ова“ велат некои од нив.

 

Иако има снег на Попова Шапка, туристичката сезона во овој центар започна  само пред две недели. Од друга страна Владата со години ветуваше бројни инвестиции за развој на овој центар, но тие останаа само на хартија.

Извор:АлсатМ