Граѓанска иницијатива предводена од режисерот Борис Дамовски повикува на протест

Нова граѓанска иницијатива предводена од режисерот Борис Дамовски најави четврт Илинден и повика на протести пред Влада на РМ:

-Македонија има три ИЛИНДЕНИ, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме Четвртиот Илинден. Во сите три претходни, Македонците јасно и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние кои живеат под ова небо. Дојде ред и на нас да ја покажеме таа взаемна почит. Ние, современиците на овој миг имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото за доблесно, сите заедно, да се насочиме кон иднината. Ниту еден патриот не е против националните права, култура и традиционални вредности на својот сограѓанин, изјавија од иницијативата и повикаа на протест пред Влада на РМ во 17 часот.