Граѓански активисти тврдат дека багеристот добил наредба да ги згази, но тој одбил да послуша(видео)

Неколку граѓански активисти на иницијативата ,,Не низ Водно“, тврдат дека багеристот добил наредба да продолжи да ја ,,освојува“ гасоводната траса на Водно и по цена да треба да ги згази противниците кои со жив штит не го дозволуваат тоа:

,,Значи….на Водно сум.
Нема да ви заборавам…..шефот на механизацијата кој патем не ни покажа никаква дозвола за работа, во 9.30 часот студено и ладнокрвно му рече на багеристот – Гази, оди напред.
Шоферот уште поладнокрвно го изгаси багерот, излезе, не се покори на наредбата и му рече ” Јас не одам на живи луѓе”
Ќе отидете бе напред..и до крај ќе отидете.
Ама со зборовите кажани и со мрачните мисли ниту вечноста нема да ви биде доволна“-напиша екологистот и планинар Игор Смилев од Велес, кој се наоѓа на Водно.