Граѓански марш-,,Борбата продолжува, гласот победува”

Денеска, во 14 часот пред просториите на СЈО на Рузвелтова, ќе започне големиот Граѓански марш поддржан од СДСМ и опозицијата.

Со мототот „Борбата продолжува, гласот победува“, пред неколку дена симболично беше најавен овој марш, во чест на 11-ти Октомври, Денот на народното востание и антифашистичката борба .

Маршот започнува пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на крстосницата на булеварите ,,Партизански одреди” и ,,Франклин Рузвелт” со почеток во 14.00 часот.

– Маршрутата на марширање ќе биде од СЈО, по Партизанска, преку „Рекорд“ до Собранието на Р Македонија.

Пред присутните граѓани, пред Парламентот, ќе се обратат претставници од Сојузот на борци, граѓански активисти и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Иницијаторите на Граѓанскиот марш Вера Бунтеска, Златко Ориѓански, Томислав Кежаровски, Ирена Ристиќ, Бени Шакири, Атанас Костовски, Влатко Васиљ , заедно лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференција, ги повикаа сите слободоумни и прогресивни граѓани, кои се незадоволни од оваа власт, да дојдат на Граѓанскиот марш и сите заедно да упатат -,, силна слободарска порака“.