Граѓански марш -,,Борбата продолжува, гласот победува”

Под мотото ,,Борбата продолжува, гласот победува” , на 11-ти Октомври, Денот кога се одбележува востанието на македонскиот народ, ќе се одржи граѓански марш.

,,Ве повикуваме сите, поединци, здруженија, заедници, демократски политички партии, сини, шарени, црвени, од град и од село, приклучете се , застанете рамо до рамо со нас”- рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на заедничката прес конференција со Иницијативниот одбор.

Иницијативниот одбор го сочинуваат музичари, новинари, граѓански активисти меѓу кои Златко Ориѓански,Бени Шаќири, Ирена Ристиќ, Томислав Кежаровски, Атанас Костовски и други. Тие порачаа дека е дојдено времето да се преземат работите и окупираните институции во свои раце и ги повикаа сите граѓани да се придружат на овој голем протест.