Граѓански собир: Мој термин за чист воздух!

На 5-ти декември, во 17 часот, пред Град Скопје (Градски парк) ќе се одржи граѓански собир на кој ќе се искаже револтот заради огромното аерозагадување.

Организаторите посочуваат дека:

1. Имаме најголемо аерозагадување од канцерогени PM2.5 честички во Европа (39.4 m3 годишен просек), според Светска Банка.
2. Четворица македонци умираат во просек дневно заради загадениот воздух (1350 годишно), според Светска Банка.
3. Во 2015 година, секое второ дете имало респираторни здравствени проблеми според Институт за јавно здравје.
4. Загадениот воздух има ризици врз репродуктивниот систем кај жените: аномалии при раѓање, смрт на новороденчиња, ризик од канцер, според Светската здравствена организација.
5. Кај возрасните граѓани (над 60 години), загадениот воздух предизвикува мозочни оштетувања и „тивок“ мозочен удар што може да предизвика вистински мозочен удар, деменција, депресија и други негативни здравствени ефекти, според Универзитетот во Бостон.

Здружени граѓански иницијативи, организатори на собирот ги повикуваат граѓаните да излезат масовно во понеделник и да кажат СТОП на неконтролираното загадување:

– Скопје Смог Аларм
– Скопје бара чист воздух
– Let’s do it Macedonia – Ајде Македонија
– Сакаме Аеродром да дише
– No Pasaran!