Градоначалникот на Виена помина цел ден со комуналците за да види со какви предизвици се соочуваат

Градоначалникот на Виена Michael Ludwig пред неколку дена беше со комунална служба низ улиците на градот. Тој е хиперактивен градоначалник и не мирува ниту еден ден.

,,Ова лето поминав еден ден со колегите од MA48(комунална служба). Нашата турнеја беше низ градот на Дунав и сè што можам да кажам е дека им симнувам капа. Горд сум што сум градоначалник на град во кој толку непречено работи комуналната служба. Би сакал да им се заблагодарам на вработените во MA48, кои многу придонесуваат за заштита на климата и за квалитетот на животот во нашиот град со секојдневна работа“-напиша тој на ФБ.