Грејната сезона започнува порано

Изутрина беше свежо, а минималната температура се движеше меѓу 4°С и 7°С, во Берово околу 2, Охрид 3°С.

Иако од изутрина беше ведро, релативно бргу се наоблачи во северната половина од земјата, а до пладне ќе се наоблачи и во јужниот регион. Возможна е појава на слаб и повремен дожд во планинскиот дел во западниот и северниот регион.

Кон крајот на денот се очекува разведрување,но и умерен северен ветер, што дополнително ќе придонесе за пад на температурата .

Максималната дневна температура ќе се движи од 14°С и 19°С, а на југоисток до 20°С.

Во скопскиот регион се очекува умерено облачно и ветровито време. Навечер ќе се разведрува, а и ветерот ќе слабее. Минималната температура ќе биде околу 5 степени, а дневната 14 степени.

Од БЕГ соопштија дека се создадени услови, според метеоролошката прогноза, да започне порано грејната сезона, што значи дека корисниците на овој систем веќе од денеска може да очекуваат топли радијатори. Грејната сезона според правилник започнува на 15 ти октомври.