Григор Димитров позитивен на корона вирус, откажано финалето на Адриа Тур во Задар

Финалето на тенискиот турнир Адриа Тур во Задар е отажано по сознанието дека бугарската тениска ѕвезда, Григор Димитров е заразен со корона вирус.

По 15 минутно доцнење на финалето меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов, директорот на турнирот Горан Иванишевиќ излезе пред публиката и ја соопшти непријатната вест.

,,Заради здравјето и безбедноста на сите учесници на турнирот, финалето нема да се игра“-рече Иванишевиќ.

Григор Димитров вчера се повлече од турнирот, а претходно беше активен играч во делот од турнирот што се одржуваше во Белград.

За цело време на турнирот што го организираше Ѓоковиќ, немаше речиси никакви посебни мерки меѓу играчите, но и публиката.

Гостите на Ѓоковиќ, познатите светски тениски имиња, беа расположени, се дружеа, излегуваа, играа фудбал и кошарка во слободно време и се радуваа како да нема мерки за корона вирус.

Со блиски конткти, прегрнувања и поздравување меѓу себе.

Димитров во моментот се наоѓа во домашна изолација.