Антоан Гризман по пет години го напушта Атлетико Мадрид и се сели во нов клуб, засега нема детали каде, но има најави кој го сака во своите редови.

Гризман вчера обајви дека заминува од Атлетико , три клуба сакат да го видат во своите редови но најблиску до целтта е Барселона.

Каталонскиот клуб има повлна ситуација, откупната клаузула на Кризман изнесуваше 200 милиони евра но од летово таа паѓа на 120 со оглед на договорот кој го има французинот со Атлетико. Гризман има 28 години, сака нов предизвик , Барселона сигурно нема да ја пропушти шансата да го доведе во клубот, жебата е обострана и се чини дека на лето Гризман ќе потпише за гигантот од Шпанија.

Доаѓањето на Гризман во брселона ќе значи заминување на Кутињо кој дојде од Ливерпул за 120 милиони и 40 дополнителни како бонуси но не ги оправда очекувањата кај раководството на клубот, Барселона најави дека бразилецот е на трансфер листата.