Гробот на Есма Реџепова се уште е без споменик и запуштен

Речиси две години по смртта на ,,Кралицата на ромската музика“, Есма Реџепова, нејзиното вечно пребивалиште изгледа вака:

Во медиумите од соседствоото повеќе се пишува за ова, отколку кај нас, па тие деновиве повторно потсетуваат дека односот кон легендарната и светски позната по ромската музика македонска пејачка, е неприфатлив .

Ниту државата, ниту пак нејзиното многудетно семејство, не најдоа време и начин достоинствено да и се одолжат, пишуваат балканските медиуми.

Покрај ова, српските медиуми пишуваат и дека нејзината куќа-музеј, којашто таа ѝ ја остави на државата, е искрадена и во очајна ситуација.

Есма Реџепова почина на 11 декември 2016 година. Имаше посвоено и одгледано 48 деца.

АКО.мк