Груби демантира дека се разрешени претседателите на партиските ограноци

Организацискиот Секретар на ДУИ, Артан Груби, ја демантира ,,неточната вест за разрешување на претседателите на ограноците“.

Во демантот се вели:


,,На актуелните претседатели на ограноците на ДУИ, мандатот им истече уште минатата година, и како што ја информоравме јавноста, на состанокот на претседателството и Централниот Совет пред претседателските избори, се формираше работна група одговорна за одржување на собранието на форумот на младите и на жените, регистрацијата на членството, одржувањето на изборите при локалните подограници и ограноците како и организација на изборниот конгрес на ДУИ.


Го избравме новото претседателство на форумот на младите и на жените на масовни и спектакуларни собранија, ја завршивме регистрацијата на членството и следен чекор е организирање на внатрешнопартиските избори. 


Затоа, на вчерашниот состанок на претседателството се одредија одговорните лица за спроведување на изборите во секој огранок. По овој Изборен процес следува организирањето на изборниот конгрес на ДУИ. 


Ниту еден претседател на огранок не е разрешен, туку се објавени внатрепартиските избори во согласност со партискиот статут“-се вели во соопштението од Груби.


,,ДУИ е партија компактибилна со времето и околностите, па затоа секогаш имала прилив на нови лица во партијата, истовремено заддржувајќи го основачкиот столб непокорен и стабилен“-стои во демантот.