Груби: ДУИ ги поддржува сите закони и убедени сме дека ќе се донесат наскоро

,,ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици,како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор.

Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието.

Предвремените избори беа консензуално договорени кај Претседателот Пендаровски и политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја“-напиша Артан Груби од ДУИ по серијата критики од пратеници од СДСМ.

Но, очигледно дека ДУИ нема да се откаже од барањето за корекција на границите на шестата изборна единица, во која очекуваат да се концентрираат гласовите на Албанците за да добијат повеќе пратеници.